Професор од Тетово осомничен за силување на осумгодишно девојче вчера си го одзел животот во затворот во Шутка.
Кога требало да се одржи едночасовната прошетка во дворот на затворот, тој не излегол од ќелијата и додека неговите цимери биле во дворот тој се обесил со чаршаф.
Шеесет и едногодишниот тетовски професор беше уапсен на крајот на февруари за обид за силување. Мајката на девојчето го пријавила обидот за силување, кој таа го спречила.