СО ЦЕЛ ОДБРАНА НА ИНТЕГРИТЕТОТ И СУВЕРЕНИТЕТОТ Украина ја доби првата воена пратка од САД

Испораката дојде по посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Киев оваа недела поради загриженоста на Киев и неговите западни сојузници за десетиците илјади руски војници на границата со Украина. Русија негира дека планира нова воена офанзива.

465

Првата пратка од пакетот безбедносна поддршка од 200 милиони американски долари за Украина пристигна во Киев, соопшти денеска американската Амбасада.

Испораката дојде по посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Киев оваа недела поради загриженоста на Киев и неговите западни сојузници за десетиците илјади руски војници на границата со Украина. Русија негира дека планира нова воена офанзива.






Пакетот помош од 200 милиони американски долари беше одобрен од Вашингтон во декември.

– САД ќе продолжат да обезбедуваат таква помош за поддршка на украинските вооружени сили во нивните тековни напори за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од руската агресија – вели Блинкен

Украинскиот министер за одбрана им се заблагодари на САД за помошта.

Поврзани содржини