Рано утрово С.Т. (55) од Скопје бил приведен затоа што со бомба кашикара влегол во двор од куќа на улица „Петар Драпшин“, каде што седеле Г.А. (33) и Б.Д. (30), двајцата од Скопје.
Тие двајцата успеале да ја одземат бомбата од С.Т., кој подоцна бил приведен во полициската станица во Кисела Вода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.