Со боцкање по случаен избор ќе се утврдува колку скопјани имаат антитела за ковид-19

Денеска во Карпош беа земени почетните 135 единици крв од потребниот примерок за т.н. серолошки скрининг на ниво на град Скопје.

797

Од Општина Карпош започна научно-истражувачкиот проект на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, кој има за цел да го утврди процентот на луѓе кои имаат стекнато антитела од вирусот ковид-19.

На платото во Лептокарија, на отворено, по случаен избор на граѓани, стручните медицински лица од Институтот им земаа примероци од крв, преку кои ќе се анализира присуството на антитела кај нив. Граѓаните ќе добијат бесплатен клинички резултат по електронски пат.






Денеска во Карпош беа земени почетните 135 единици крв од потребниот примерок за т.н. серолошки скрининг за испитување на отпорноста на ковид на ниво на град Скопје.

Стручниот тим од Инситутот ќе продолжи со ова истражување и по други скопски општини. Основната цел е да се стигне до репрезентативен примерок на граѓани и да се уврди колку од нив во скопското подрачје го прележале вирусот.

Поврзани содржини