СО БМВ УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЕЦ КОЈ БИЛ НА ДОЛЖНОСТ Службеник со тешки повреди пренесен во тетовската болница

161

Полициски службеник од Тетово е повреден откако бил удрен од патничко возило бмв со косовски национални ознаки, додека вршел службена должност. Несреќата се случила на 2 октомври 2025 година, околу 20:00 часот, на регионалниот пат Пирок–Тетово, во селото Мала Речица.

Според информациите од СВР Тетово, возилото го управувал А.С. (22) од Косово, кој при движење удрил во полицискиот службеник С.А. (26) од с.Шипковица. Полицаецот обезбедувал место на претходна сообраќајна незгода, кога дошло до новиот инцидент.






Повредениот полициски службеник бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде лекарите ги констатирале неговите повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Тетово, а истрагата за случајот продолжува.

Поврзани содржини