Со „БМВ“ удрил во ѕид, три лица тешко повредени, чаирчанец шетал со нож

278

КАЈ ГОСТИВАРЕЦ ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА На 02.11.2020 околу 23.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ј.(42) и Б.И.(36) од Гостивар, поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. При претрес реализиран со судска наредба во домот на С.Ј. пронајдена е марихуана и еден куршум. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и ќе следуваат соодветни поднесоци.

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ЗА КОКАИН – На 02.11.2020 во 15.10 часот, на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 49-годишниот гостиварец Џ.Џ., затоа што при преглед му бил пронајден кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово.






ОГРАБЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ – На 02.11.2020 во 16.10 часот, на ул.„Гостиварска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ќ.(28) од Тетово, поради сомнение дека истиот ден извршил тешка кражба во угостителски објект, која ја пријавил сопственикот на објектот С.М.(33). По лишувањето, одземените предмети му бил вратени на сопственикот.

ТЕТОВЕЦ СПРОВЕДЕН ВО ЗАТВОР – На 02.11.2020 во 20.40 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 63-годишниот тетовец Н.С., осуден на затворска казна. По кусо време Н.С. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

БИТОЛЧАНЕЦ ФАТЕН ВО ЃОРЧЕ СО МАРИХУАНА – На 02.11.2020 во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода Љ.Д.(30) од Битола, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ЧАИРЧАНЕЦ ШЕТАЛ СО НОЖ – На 02.11.2020 во 21.10 часот, на подрачјето на Чаир, при извршен преглед од полициски службеници од СВР Скопје, бил пронајден нож кај С.З.(25) од Скопје. Тој бил приведен, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТЕШКО ПОВРЕДЕН СОПАТНИК ОТКАКО „БМВ“ УДРИ ВО ЅИД – На 02.11.2020 во 23 часот било пријавено дека на ул.„10“ во с.Чучер Сандево, С.Л.(29) од с.Мирковци, скопско, управувајќи патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид. Во незгодата 17-годишен сопатник од с.Мирковци се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и уште еден сопатник А.З.(19) од с.Мирковци се здобиле со телесни  повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

СКОПЈАНКА КАСНАТА ОД КУЧЕ – На 02.11.2020 во 11 часот во Полициската станица Аеродром, А.Т.(76) од Скопје пријавила дека во населбата Ново Лисиче била касната од куче скитник.

ЛОВЕЛ СО НЕЛЕГАЛЕН КАРАБИН И БЕЗ ДОЗВОЛА ЗА ЛОВ – На 01.11.2020 во ОВР Македонски Брод бил приведен М.Б.(37) од с.Крушје – Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик. Претходно, од страна на ловочувар на ловечкот друштво ЗЛСРР „Елен“ од Кичево било пријавено дека на место викано „Челојца“, во близина на с.Ново Село, бил затекнат М.Б., кој со себе носел ловен карабин и патрони за кои не поседувал дозвола. Притоа, М.Б. не поседувал ни дозвола за лов. Наведеното оружје е одземено и доставено до полициската станица. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против М.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

СКОПЈАНЕЦ КАСНАТ ОД КУЧЕ – На 02.10.2020 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.З.(65) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник.

 

 

 

Поврзани содржини