Со БМВ „собрал“ двајца пешаци во Ѓорче

Пешак од Прилеп се здобил со тешки повреди, откако возило удрило во него.

350

СО ВОЗИЛО УДРИЛ ДВАЈЦА ПЕШАЦИ – На 07.10.2020 во 20.15 часот било пријавено дека на крстосница од ул. „Ѓорче Петров“ и ул.„Македонски војски“ во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(39) од Скопје, удрило во пешаците Д.К.(60) од Пехчево и малолетен пешак од Скопје. Во незгодата Д.К. се здобила со тешки телесни повреди, а малолетникот со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК ВО ПРИЛЕП – На 07.10.2020 во 22.10 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Генерал Васко Карангелески“ и „11 Октомври“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.У.(43) од Прилеп, удрило во пешакот Л.П.(66) од Прилеп. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.






ВО ДОМОТ МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА – На 07.10.2020 околу 23.00 часот, полициски службеници од СВР Велес од слобода го лишиле Т.Ј.(26) од Велес, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени марихуана и семки од растението канабис сатива. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРИВЕДЕНИ ДВАЈЦА ДИЛЕРИ ОД ВЕЛЕС – На 07.10.2020 околу 23.30 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Х.Б.(44) и М.О.(34) од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРИВЕДЕН ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ – На 08.10.2020 во 01.15 часот на граничниот премин „Јажинце“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, според член 206 став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, од слобода бил лишен М.И.(29) од Косово. Тој бил предаден во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка.

СЕ ЛИЗНАЛ СО МОПЕДОТ И ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА – На 07.10.2020 во 15.00 часот било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, мопед „пиаџио“, со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Б.(24) од Скопје, паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.                               

КУЧИЊАТА И НАТАМУ КАСААТ: На 07.10.2020 во 13.30 часот во Полициската станица Драчево, В.П.(82) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

Поврзани содржини