Со блокада на три раскрсници во Скопје и протест во 20 градови, ВМРО бара оставка од Заев
Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна - соопштуваат од опозициската партија.
Од 16 часот во Скопје ќе биде блокирана Владата, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со кои се бара оставка од премиерот Зоран Заев.
– Зоран Заев објави дека ќе ја менувал историјата во учебниците. Зоран Заев објави дека имало договор за 3 записници, а за 11 се пред договор, но не кажува која е цената за тоа. Зоран Заев вели договорена е формулација за 5 историски личности, не правејќи разлика од споделена и заедничка историја. Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата. Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна – соопштуваат од опозициската партија.
Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ исто така се вели дека оставка на Заев ќе се бара и на протестите во уште 20 градови.