СО БЛЕХ-МУЗИКА ИСПРАТЕНА УЧЕБНАТА ГОДИНА Почнува распустот! (ФОТО)
Следат прославите на полуматурските вечери, а потоа и уписите во средните училишта. Годинава за прв пат за упис во средно ќе се аплицира електронски преку порталот за електронски услуги на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава на корисничките сметки на учениците на schools.mk.
Традиционално, со блех-музика, деветтоодделенците ја испратија последната учебна година во основното образование. Следат прославите на полуматурските вечери, а потоа и уписите во средните училишта.
Годинава за прв пат за упис во средно ќе се аплицира електронски преку порталот за електронски услуги на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава на корисничките сметки на учениците на schools.mk. Уписот ќе трае од 10 до 15 јуни. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен утре во 10 часот и учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) до 15 часот на 15 јуни. Системот потоа ќе биде затворен за онлајн-аплицирање.
Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни на веб-страницата на МОН (www.mon.gov.mk) и на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот, согласно распоред што ќе го подготви секое училиште.
Речиси 16 илјади матуранти, пак, в понеделник, 13 јуни, ќе го полагаат вториот дел од државната матура – изборниот екстерен испит од предметите: Математика, Англиски јазик, Германски јазик, Француски јазик, Руски јазик, Филозофија или Естетика. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога екстерните испити ќе се полагаат на 10 и на 12 август.
Околу 255.000 основци и средношколци денеска ја завршија учебната 2021/2022 и одат на речиси тримесечен распуст.