СО БИТКОИНИ ЛИ ПЛАЌААТ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ВО ДУБАИ? Како Заев од земјоделец стана сопственик на авиокомпании, прашува ВМРО-ДПМНЕ
Дали парите за купување милионски акции во авиокомпании и инвестиции во градежништво во Дубаи им се од скандалозните тендери во здравството или распродажбата на националното достоинство? Филипче во политиката е за да си ги задоволи сопствените апетити, а не за доброто на народот и државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Молкот на Венко Филипче е потврда и доказ дека СДСМ и Филипче не ги интересира народот, туку провизиите од висококатниците во Дубаи и сопствените лукративни интереси, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче ја игнорира јавноста, а со тоа покажува дека единствен фокус му е како да дојде до власт за повторно си делат провизии, тендери и да ги шират фамилијарните бизниси. Тендер тандемот Заев-Филипче молчи за потеклото на златните визи за Дубаи. Дали бизнис партнерите Филипче-Заев имале акции во индиска авиокомпанија и од каде им се средствата за градење 50-катница во Дубаи? Како Заев, од просечно земјоделско семејство, стаса до сопствеништво на авиокомпании и каква е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Колкави се трансакциите на Филипче и Заев кон Дубаи и дали се во дигитални валути биткоини, прашува партијата.
„Дали парите за купување милионски акции во авиокомпании и инвестиции во градежништво во Дубаи им се од скандалозните тендери во здравството или распродажбата на националното достоинство? Филипче во политиката е за да си ги задоволи сопствените апетити, а не за доброто на народот и државата. СДСМ е синоним за корупција криминал и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.