Со багер уништил 50 „мерцедеси“ за да им се одмазди на бившите газди (ВИДЕО)

1,844

Поранешен работник во „Мерцедес“ во погоните во Шпанија одлучил да им се одмазди на работодавачите и им направил штета од 5 милиони евра.

Работникот, во раните утрински часови на 31 декември со багер ја пробил вратата на фабриката и  уништил 50-тина нови автомобили кои на паркингот чекале за испорака.






Обезбедувањето не можело да го запре, па на крај испукало неколку куршуми во воздух. Дури тогаш работникот го запрел багерот а обезбедувањето го задржало додека дошла полицијата. Багерот го украл од дворот на една градежна фирма и го возел 21 километар до фабриката на „Мерцедес“.

Мажот работел во фабриката во 2016 и 2017 година, а полицијата кривично ќе го гони за кражба и за нанесување материјална штета.

Поврзани содржини