🎥 СО АВТОМОБИЛ ВЛЕТАЛ ВО ТОЛПА ЛУЃЕ ВО БЕЛГРАД Се слушаат лелеци, неколку пешаци останале заробени под возилото
Според очевидци, неколку лица биле заробени под возилото, но со помош на минувачите, успеале да излезат.
Во населбата Бањица во Белград денеска се случи тешка сообраќајна несреќа кога автомобил, од непознати причини, излета од коловозот и директно удри во група улични продавачи кои стоеја покрај тротоарот, точно кај семафорите, објавија белградските медиуми.
Видеата и фотографиите од местото на настанот покажуваат бел автомобил кој завршил на трева, потпрен на ограда, додека голем број луѓе се собрани околу него обидувајќи се да им помогнат на повредените.
Според очевидци, неколку лица биле заробени под возилото, но со помош на минувачите, успеале да излезат.
Работите на продавачите се расфрлани по тротоарот, а луѓето трчаат, си викаат едни на други и се обидуваат да го кренат предниот дел од автомобилот.
Брзата помош и полицијата брзо пристигнале на терен и им помогнале на повредените. Сообраќајот во овој дел од Бањица е забавен, а точната причина за несреќата сè уште се утврдува.
Од Брзата помош изјавија дека двајца пешаци се повредени.
View this post on Instagram