СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ДЕТЕ НА ВЕЛОСИПЕД Тешка сообраќајка во населба Лисиче
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Тешко повреден е малолетен велосипедист во сообраќајка во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 31.08.2022 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. 12-та Македонска Бригада и ул. Илија Димовски-Гоче во населба Лисиче, Скопје, патничко моторно возило ‘хонда’ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Т. (50) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје“, наведено е во билтенот од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.