СО АВТОМОБИЛ НАМЕРНО ГАЗЕЛ ПЕШАЦИ! Драма во затворен паркинг на аеродромот во Келн
При ударот се повредени најмалку пет лица, а при апсењето на напаѓачот повредени се уште двајца полицајци, информира полицијата.
Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал меѓу пешаци во паркинг-гаража на аеродромот Келн-Бон, во западниот дел од Германија, при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче веле.
При ударот се повредени најмалку пет лица, а при апсењето на напаѓачот повредени се уште двајца полицајци, информира полицијата.
Портпаролот на полицијата изјавил дека постојат индиции дека напаѓачот има психички проблеми, додавајќи дека тој е префрлен во болница во Келн, каде во моментов е на анализа.
Во јавноста сè уште не се познати детали за овој случај, а не е позната ниту состојбата на повредените лица.