🎥 СО АВТОМАТСКА ПУШКА Е ПУКАНО КОН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МВР изнесе детали за престрелката во Арачиново

812

Министерството за внатрешни работи официјално го потврди вооружениот инцидент што денеска околу 13 часот се случи на вчезот од скопското село Арачиново.






Цел на нападот бил градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, кој за време на инцидентот бил заедно со уште неколку други лица. Кон нив маж пукал со автоматска пушка.

„Притоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден“, информира МВР.

Директорот на скопската Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, Љубен Арсенков за МИА попладнево изјави дека кај нив е донесен пациент на 39-годишна возраст со прострелна рана.

– Се работи за машко лице, вон животна опасност сега, сместено е во Единица за интензивно лекување. Лицето беше донесено пред околу еден час. Има прострелна рана во пределот на десното рамо – појасни Арсенков.

Според нивните првични сознанија, пациентот бил повреден при престрелка во Арачиново.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за МИА потврди дека во престрелката е погоден возачот на градоначалникот, а пукано е и кон уште едно лице вработено во општината. Припадници на полицијата се на терен и вршат увид.

видео: ТВ 21

Поврзани содржини