СО АВТОБУС УДРИЛ ВО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ И ПОБЕГНАЛ Тешко повредена е 51-годишна скопјанка
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски".
Вчера околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица Благоја Стефковски во Скопје, автобус удрил во електричен тротинет, управуван од Е.А.(51) од Скопје, по што возачот со автобусот го напуштил местото на настанот, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.