Со „ауди“ удрил во дете на Партизанска и побегнал

745

Синоќа во 20 часот на булеварот Партизански одреди во Скопје возило „ауди“ удрило во 15 годишен пешак од Скопје.

Од МВР информираат дека возачот побегнал по несреќата.

„Пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани содржини