СОЊА СИМОВСКА ИЗБРАНА ЗА В.Д. ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ На местото на Љубомир Јовески ќе биде 6 месеци

Вршителот на должност се поставува од редот на обвинителите во Републичкото јавно обвинителство. Неговиот мандат не смее да трае подолго од 6 месеци.

528

Обвинителката Соња Симовска е избрана за в.д. републички јавен обвинител на денешната седница на Советот на јавните обвинители.

Изборот следуваше бидејќи обвинителот Љубомир Јовески заминува во пензија.






Изборот на в.д. се врши бидејќи до крајот на годината е невозможно да се случи изборот на нов републички јавен обвинител.

Вршителот на должност се поставува од редот на обвинителите во Републичкото јавно обвинителство. Неговиот мандат не смее да трае подолго од 6 месеци.

Во трката за нов републички јавен обвинител се Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.

Поврзани содржини