СО ЈАЈЦА И СО КАМЕЊА КОН ВЛАДИНАТА ЗГРАДА Демонстранти се судрија со полицијата
Демонстрантите скандираат „Оставка, оставка“, се пеат патриотски песни, свирежите стануваат се погласни и тензијата се повеќе расте.
Под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ пред Владата трет ден по ред, продолжи протестот против прифаќањето на „француски предлог“ за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди. Демонстрантите кои ја пробија и заштитната ограда ги предводи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.
Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на владата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлат по полицијата со камења.
Демонстрантите скандираат „Оставка, оставка“, се пеат патриотски песни, свирежите стануваат се погласни, тензијата се повеќе расте, а пред владината зграда има засилено полициско присуство.
Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на голема масовност затоа што, според информациите на опозицијата, владата утре има намера да го прифати предлогот на француското претседателство.
Протестот што почна завчера официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.
фото: Телма