СО 75% ОД ПАЗАРОТ ПОШТА ИМА ПРИХОД ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРА, А ПРИВАТНИТЕ ПОШТИ СО 25% ИМААТ 18 МИЛИОНИ ЕВРА Николоски порача дека тоа ќе се смени

Претходната Влада на СДСМ сакаше да ја продаде и на таков начин да го реши проблемот. Знаете дека двајца генерални секретари се или под истрага, или се осудени, за тоа што го правеле поврзано со Пошта. Јас и тогаш кажав, дека додека сум министер нема да се испуштаат луѓе од работа и никој не е испуштен од работа, иако имаше барања и од ЕУ за нешто такво, рече вицепремиерот Николоски.

945

Годината беше успешна ако видиме дека економијата расте, градежништвото порасна за 21 % и што е важно успеавме да ги одбраниме националните интереси, рече вицепремерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за ТВ Алфа.

– Мислам дека ова беше успешна година. Владата реализираше најголем дел од Програмата, она што го ветивме кон граѓаните и параметрите тоа го покажуваат. Во третиот квартал имаме раст од економија во 3,8 проценти што е далеку повисоко од годините наназад. Градежништвото, она што е дел од секторот кој јас го водам, порасна со 21 процент што е историски највисок во државата, градежништвото никогаш не било толку високо. Во делот на политиките, мислам дека опстанавме на нашите цврсти заложби што ги ветуваме на минатогодишните избори, а тоа е цврста одбрана на националните интереси, така што мислам дека се ова двата сегменти кои што се најзначајни – истакна вицепремиерот Николоски.






Тој исто така истакна дека е консолидирана Македонскa поштa, државна компанија каде вработените, како што рече, молеа да земат плата со претходната Влада.

– Сега не само што успеавме да не испуштиме од работа вработени, туку платите и сите законски права на вработените се исплаќаат редовно – рече Николоски и најави осовременување на Македонски пошти со 100 нови возила.

– Некоректно е приватните пошти да го земаат целиот пазар, а Пошта да го носи товарот. Кога ќе ги видите приходите, со 75% од пазарот Пошта има приход од некаде 11 милиони евра, додека приватните пошти со 25% од пазарот, имаат некаде 18 милиони евра. Тоа мора да го корегираме, ќе донираме 100 комби возила, од кои 90 помали и 10 поголеми. Понатаму тука е новиот софтвер, со што се обидуваме Пошта да ја ставиме во една добра позиција и со законски измени ќе помогнеме компанијата дополнително да расте – истакна Николоски.

Тој најави реструктуирање на државните пошти, план кој ќе се реализира во периодот што следи.

– Претходната Влада на СДСМ сакаше да ја продаде и на таков начин да го реши проблемот. Знаете дека двајца генерални секретари се или под истрага, или се осудени, за тоа што го правеле поврзано со Пошта. Јас и тогаш кажав, дека додека сум министер нема да се испуштаат луѓе од работа и никој не е испуштен од работа, иако имаше барања и од ЕУ за нешто такво. Јас реков дека ќе стигнеме до рационализација и намалување на трошоците, но преку подобрување на работењето и зголемување на профитабилноста – рече вицепремиерот Николоски.

 

Поврзани содржини