СО 4,9% ДЕФИЦИТ И 68% ЈАВЕН ДОЛГ ВО БДП ОДИМЕ ВО БЕЗДНА Лукаревска праша каде ќе се изгубат парите од унгарскиот кредит, ако се намалува растот?
Лукаревска најави посебна реакција на СДСМ по анализирање ребалансот на буџетот за 2024 година кога ќе стигне во собранието, рече дека за еден месец новата влада на ВМРО-ДПМНЕ успеала да сруши стабилни економски политики коишто СДСМ ги градела во услови на економска и ковидкриза.
Како може да се планира понизок на раст на економијата кога се најавуваат по 250 милиони евра од унгарскиот кредит од 500 милиони евра кои ќе им се дадат на компаниите и на општините кои ќе инвестираат. Освен тоа, со овој ребаланс се предвидуваат уште 100 милиони евра за локални инфраструктурни проекти. И како нема пари за повисоки плати на работниците?
Ова го праша на денешната прес-конференција Сања Лукаревска пратеничка од опозициската СДСМ коментирајќи го она што вчера го кажа за ребалансот на буџетот министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
-Ако овие пари не влијаат на растот на економијата тогаш каде ќе се потрошат, ако не за инвестиции на компаниите како што најави премиерот Христијан Мицкоски? Но, со ребалансот се иабришани парите за субвенционирање на инвестициите на стопанството, а тоа ќе значи дека и оние компании кои се охрабрија да инвестираат да се прашаат дали да продолжат со инвестирање.Но, тоа значи дека ВМРО -ДПМНЕ се плаши дека економијата годинава нема да забележи раст со нивните буџетски политики со кои само се прави хаос и се создава зависност од кредитирање – рече таа.
Таа праша сошто министерката за финансии вчера не ја кажа бројката на ревидираниот раст.
Лукаревска најави посебна реакција на СДСМ по анализирање ребалансот на буџетот за 2024 година кога ќе стигне во собранието, рече дека за еден месец новата влада на ВМРО-ДПМНЕ успеала да сруши стабилни економски политики коишто СДСМ ги градела во услови на економска и ковидкриза.
– Со буџетот се предвидува буџетски дефицит од неверојатни 4,9% и покачување на јавниот долгот на 68%. Само овие две бројки потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја води државата во амбис. Уште со првиот ребаланс, ВМРО-ДПМНЕ го руши она што макотрпно го градевме во соработка со меѓународните финансиски институции, а тоа е стабилен и одржлив финансиски систем – рече Лукаревска.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ со вака планираниот ребаланс ан буџетот, само ќе го наруши кредитниот рејтинг на државата.
– СДСМ успеа да го намали буџетскиот дефицит на 3,6% и да го намали јавниот долг до 55%. Сега ВМРО-ДПМНЕ го покачува дефицитот за цели 36%, а јавниот долг на ризични 68%. Овој процент на јавен долг е спротивен на Мастришките декларации и сериозно ќе го наруши кредитниот и финансискиот рејтинг на земјата-рече Лукаревска.
Лукаревска рече дека Димитриеска-Кочоска вчера кажала само манипулации и лаги дека буџетот е празен, економијата е мртва, а за плати на работниците нема пари.
– За сите ставки во буџетот се обезбедени пари. Единствено не се ставени парите за зголемување на платите на вработените во администрацијата бидејќи пред избори не сакавме тоа да се протолкува како поткуп на гласачите. Но во првите 100 дена од владата на СДСМ ќе имаше зголемување на платите – рече Лукаревска.
Според Лукаревска, манипулација е дека душмански се трошело и недостасуваат 500 милиони евра во Буџетот.
– До моментот на изборите ако се погледне на Отворени финансии портал кој го отвори владата на СДСМ, има обезбедено пари за сите трошоци. Ниту е точно дека немало пари, ниту дека се трошело ненаменски – рече Лукаревска.
Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ не планира да ги зголеми платите на работниците ниту да ја зголеми минималната плата и да ги почитува колективните договори, бидејќи овие активности го одлага иако за тоа веќе се планирани пари.
– Рече дека немало пари во буџетот, но дека „и покрај тешката состојба они ќе обезбеделе плати“. Замислете, ВМРО-ДПМНЕ им ветува на луѓето дека загарантираната плата, која никогаш во последните седум години не била доведена до прашање, тие ќе има ја обезбеделе. Какво потценување и манипулирање.Со ова им се кажува на работниците да се помират дека нема да има покачување на платите и нема да се почитуваат колективните договори – рече Лукаревска.
Лукаревска рече дека има пари за плати во Пошта и во Железници.