Со 250 км на час „прелетал“ пред очите на полицајците, МВР казни 872 лица (ФОТО)

Од нив, 108 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

763

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на целата држава, при што санкционирани се 872 прекршоци.

Од нив, 108 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.






фото: МВР

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – се вели во соопштението од МВР.

Поврзани содржини