СО 2,05 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА ВОЗЕЛ НИЗ КУМАНОВО Полицијата го уапси и му подготвува кривична

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. 

67

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај на СВР Куманово, синоќа во 21.20 часот го уапси В.К.(51) од Куманово бидејќи возел пијан.

Како што соопшти МВР, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.






По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. 

Поврзани содржини