СО 2,05 И 1,65 ПРОМИЛИ ВОЗЕЛЕ НИЗ КИЧЕВО Двајца возачи од Кичево уапсени поради висока алкохолизираност
Двајцата возачи се задржани во полицијата, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.
Кичевската полиција при сообраќајни контроли привеле двајца возачи кои управувале со возила под дејство на алкохол.
Првиот случај се случил во 02:00 часот, кога полициските службеници на улицата Методија Стефаноски во Кичево сопрале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки. Возачот, Х.Б. (32) од кичевското село Подвис, бил под дејство на алкохол, при што измерената концентрација била 2,05 промили во крвта.
Претходно во 01:30 часот, полициските службеници го лишиле од слобода и М.Г.Ј. (28) од Кичево, кој управувал со моторно возило „бмв“ на улицата Борис Кидрич. И тој бил под дејство на алкохол, со измерени 1,65 промили алкохол во крвта.
Двајцата возачи се задржани во полицијата, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.