СО 160 KM КВАДРАТНИ СОЛАРНИ ПАНЕЛИ БИ ЈА СПАСИЛЕ МАКЕДОНИЈА Тоа е површина од 13 по 13 километри

Ако земеме дека централното јадро на Скопје, од населбата Ѓорче Петров до Ново Лисиче е некаде 13 километри, квадратен простор од 13 по 13 километри ќе ја заврши оваа работа. Овие панели би ја задоволиле целокупната сегашна потрошувачка на струја во Македонија.

10,672

Простор поплочен со соларни панели со површина од 160 километри квадратни, или просто речено 16 илјади хектари, е доволен Македонија целосно да се префрли на сончева енергија и да стане независна од јагленот или каков било друг извор на струја, според сегашната потрошувачка и количината сонце што ја добиваме, пишува сајтот Фајндер (пребарувач).

Ако земеме дека централното јадро на Скопје, од населбата Ѓорче Петров до Ново Лисиче е некаде 13 километри, квадратен простор од 13 по 13 километри ќе ја заврши оваа работа. Неверојатно нели?






Според Фајндер, повеќето земји во светот, имаат доволно пари за да направат вакви соларни паркови. На пример, 87 отсто од земјите би можеле да се напојуваат користејќи помалку од 5 отсто од површината на нивната земја. Тука отстапува Велика Британија, на која ќе ѝ требаат 12,3 отсто од нејзината површина да биде покриена со соларни панели.

За споредба, потребни се приближно 16 соларни панели за куќа од четири лица во Велика Британија. Само три места вклучени во анализата имаат потреба од повеќе соларни панели отколку што имаат земјиште: Сингапур (830 отсто), Хонг Конг (213 отсто) и Бахреин (156 отсто).

Ова има смисла бидејќи тие држави се многу мали, а густо населени. Севкупно, ни требаат околу 1,1 милион квадратни километри соларни панели за да ја напојуваат целата планета Земја, што е помалку од површината на Јужна Африка.

Поврзани содржини