Сноуден сака да е Русин – и ќе биде!
Сноуден, кој во октомври доби дозвола за неограниченн престој во Русија, претходно на Твитер најави дека сака да го задржи и американското државјанство.
Поранешниот вработен во американската Национална агенција за безбедност (НСА), Едвард Сноуден, наскоро ќе поднесе барање за руско државјанство, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
– Тој ги подготви сите потребни документи и наскоро ќе биде покрената постапка за добивање руско државјанство – рече Кучерена, пренесува ТАСС.
Сноуден, кој во октомври доби дозвола за неограниченн престој во Русија, претходно на Твитер најави дека сака да го задржи и американското државјанство.
Барањето за руско државјанство Сноуден доаѓа откако неговата сопруга Линдзи Милс објави дека е бремена.
Сноуден во 2013 година најде засолнипште во Русија откако побегна од САД, каде се соочува со обвинувања за шпионажа бидејќи откри глобална програма за прислушување и следење ширум светот.
Американскиот претседател Доналд Трамп во август најави дека е можно помилување на Сноуден, кој се соочува со 30-годишна затворска казна поради шпионажа.
Сноуден, на кого му е одземен американскиот пасош на барање на Вашингтон, пристигна во Москва во мај 2013 година од Хонг Конг и планираше да се засолни во Јужна Америка. Но беше блокиран во Русија каде доби азил.