Сноуборд елитата на ФИС куп на Шапка
Најдобриот светски сноубордер Словенецот Зан Косир заврши на второто место.
Вчера и денеска се одржа ФИС купот во сноуборд во еден од најпопуларните скијачки центри кај нас Попова Шапка, во организација на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и ХМКД.
На натпреварот учестуваше целата сноуборд елита меѓу која беше и актуелниот светски шампион во сноубординг Словенецот Зан Косир, кој заврши како втор во купот.
Купот го освои и како прв заврши Оскар Квијатковски од Полска. На второто место заврши најдобриот светски сноубордер Зан Косир. Третото место го освои Адреј Даниел Гасиеника од Полска, а како четврт во листата се запиша нашиот најдобар сноубордер Александар Кацарски, кој го постигна вториот најдобар резултат во македонската сноуборд историја и е на половина пат од освојување на олиписката А норма.