Снимки од земјотресот во Хрватска: „Бегајте подалеку од зградата, може да ви падне нешто врз глава“ (ВИДЕО)
Првиот потрес се случил во 6.28 часот на само 5 километри од Петриња, а на длабочина од 2 километра.
Снимки од земјотресот со јачина од 5 степени во Хрватска се споделуваат на социјалните мрежи. Како што јавуваат хрватските медиуми, утрово биле почувствувани вкупно 3 земјотреси – првиот бил 5 степени, вториот 4.7 и третиот 4.1 степен според Рихтеровата скала.
Првиот потрес се случил во 6.28 часот на само 5 километри од Петриња, а на длабочина од 2 километра.
– Нè погоди силен земјотрес, никогаш не сум го доживеал ова. Не знам дали има жртви, има материјална штета. Мислам дека Петриња доживеа катастрофа. По војните, по корона кризата, само уште земјотрес ни требаше. Од централната власт очекуваме навремена помош. Утре. Веднаш. Вчера – изјавил градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ.
Security camera captures #earthquake #potres in Sisak, Croatia. pic.twitter.com/Uu38RQqkY1
— mike (@MambaMike13) December 28, 2020