📽️ СНИМКИ ОД ПУКАЊЕТО ВО БЕЛГРАД, НА НАПАЃАЧОТ МУ ПРЕЧЕЛЕ ШАТОРИТЕ? Ова е терористички напад, рече Вучиќ во вонредно обраќање

Зошто реков дека станува збор за терористички акт? Затоа што има употреба на огнено оружје со цел да се создаде општа опасност, а мотивот е политички. Тој сам кажа дека му сметале шаторите, изјави српскиот претседател откривајќи дека напаѓачот е екс-службеник во државната безбедност.

4,943

Поранешен член на Државната безбедност е напаѓачот пред српското Собрание, откри претседателот на Србија Александар Вучиќ во вонредно телевизиско обраќање, нарекувајќи го нападот „терористички чин“.

Човекот, пак, кој е застрелан, е татко на две деца и моментално се наоѓа во тешка состојба со куршум во пределот на препоните.






– Зошто реков дека станува збор за терористички акт? Затоа што има употреба на огнено оружје со цел да се создаде општа опасност, а мотивот е политички. Тој сам кажа дека му сметале шаторите – изјави Вучиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

За време на обраќањето на српскиот претседател беа прикажани две снимки од инцидентот. На првата снимка се гледа В. А. се гледа со канта бензин, а потоа влегува во шатор пред српското Собрание.

Вучиќ вели дека В.А. „нема никаква врска со (шаторите од таканаречениот) Чациленд“. На видеото се гледа и како М.Б. ѕирка во шаторот, а потоа се гледа како е застрелан во ногата и паѓа.

 

На следното објавено видео, напаѓачот В.А. лежи на земја и може да се слушне како вели дека „не знае ничиј живот“ и дека сакал да направи нешто за полицијата да го убие.

„Ме нервира окупацијата на центарот на градот. Го запалив со бензин, можете да проверите, истурив бензин на улицата Француска. И потоа пукав. Не сакам шатори и сакав да ме убиете. Сè направив сам, сакав да ме застрелате, бидејќи повеќе не можам да живеам“, вели тој.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Напаѓачот со кренати раце ѝ се предал на полицијата. Вучиќ откри дека тој бил пријавен на општина Стари Град, од 1993 година поседувал регистрирано оружје „црвена застава“, а од 2018 година трофеен пиштол „мелиор“.

Mинистерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, соопшти дека ранетиот М. Б. е стабилен, но под постојан лекарски надзор. Според Вишиот јавен обвинител, на лице место бил извршен увид и дека напаѓачот е во притвор.

Според првичните податоци, во нападот немало други повредени, а пожарот од бензинот не се проширил.

Вучиќ додаде дека инцидентот ќе биде процесуиран како кривично дело против јавната безбедност и дека државата „нема да толерира насилство со политички призвук“.

 

Поврзани содржини