🎥 СНИМКИ ОД ГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА ВО КОЧАНИ Пожарот проголта најмалку 50 млади животи, десетици повредени

Според информациите дел од повредените околу 30 се задржани во болницата во Кочани, а околу 60 лица се препратени со возила во штипската болница.

1,948

На социјалните мрежи се појавија први снимки од големиот пожар кој во раните утрински часови зеде десетици животи во дискотека во Кочани. На една од снимките може да се видат пожарникарските екипи во објектот. До пожарот најверојатно дошло поради употреба на пиротехнички средства. На другата се снимка се гледаат силни пламени јазици.

Според информациите дел од повредените околу 30 се задржани во болницата во Кочани, а околу 60 лица се препратени со возила во штипската болница.






На терен се полициските екипи, пожарникарите и обвинители. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Кочани, а премиерот Христијан Мицкоски е на пат кон местото на трагедијата.

На концертот на популарна македонска група во дискотеката присуствувале околу 1.500 гости.

На другата снимка која во меѓувреме се појави на социјалните мрежи може да се видат високи пламени  јазици снимени од далечина. Се смета дека пожарот избувнал кон 3 часот по полноќ.

 

 

Поврзани содржини