СНИМКАТА ОТКРИ СЀ Уапсени четворица дилери на дрога кои му ја продале смртоносната доза на актерот
Продажбата е снимена на камера од една зграда која го снимила моментот кога Вилијамс се приближува и разменува готовина за плико со дрога.
Речиси пет месеци откако истакнатиот актер и продуцент Мајкл К. Вилијамс беше пронајден мртов од случајно предозирање со фентанил во својот стан во Бруклин, Њујорк, властите уапсија група мажи во врска со неговата смрт.
Џон Гримпел, портпарол на полицијата во Њујорк, тогаш изјави дека безживотното тело на Вилијамс било пронајдено во неговиот стан во Бруклин, по телефонски повик во 14 часот по локално време до службата за итни случаи.
Во средата, федералниот суд во Њујорк објави обвиненија за заговор против наркотици против четворица наводни членови на организација за криумчарење на дрога за кои се верува дека имале улога во продажбата на смртоносниот хероин со фентанил Вилијамс, пишува „Пипл“.
Тројца мажи уапсени под обвинение за заговор за дрога ќе бидат обвинети пред федералниот суд во Менхетен во среда.
Продажбата е снимена на камера од една зграда која го снимила моментот кога Вилијамс се приближува и разменува готовина за плико со дрога со еден од обвинетите, кој беше уапсен во Порторико.
Да потсетиме, сестраниот Вилијамс беше номиниран за наградата „Еми“ за споредна улога во серијата „Lovecraft Country“. Тој се прослави во серијата „Жица“ каде го отелотвори ликот на Омар Литл, а во „Кралстовото на порокот“ како Чалки Вајт.
Со години отворено зборуваше за проблемот со дрогата, дури и за време на снимањето на серијата „Жица“. Тогаш изјави дека толку многу уживал во улогата, поради што имал проблеми во приватниот живот.