СНИМКА ОД ПАДОТ НА САТЕЛИТИТЕ НА МАСК Ги урнала геомагнетна сончева бура

Геомагнетните бури ги создава нашето Сонце. Тие се дел од соларните ветрови полни радијација од кои нѐ штити атмосферата на нашата планета. Кога сте надвор од атмосферата, изложени сте на нив. Но, тоа нема да го спречи Маск да ја продолжи својата мисија преку илјадиници сателити да доставува брз Интернет во светот.

1,098

Геомагнетната бура во вселената која предизвика да се урнат 40 сателити од компанијата „Старлинк“ на Илон Маск конечно е снимена во триминутно видео на Јујтуб. Некои од сателитите се спуштија доволно ниско за да изгорат во атмосферата на Земјата, приредувајќи драматичен спектакл, пишува Футуризам. Тие биле втурнати во бурата пред да имаат шанса да се сместат во орбитата, односно биле негде во пониските региони.

 






„СпејсИкс ги распоредува своите сателити во овие пониски орбити, така што во самиот случај, секој сателит кој не го поминал почетниот систем за проверка, брзо ќе биде исфрлен од орбитата од (какви било) атмосферски сили”, напишале од компанијата на својот сајт каде постојано ги ажурираат податоците.

Геомагнетните бури ги создава нашето Сонце. Тие се дел од соларните ветрови полни радијација од кои нѐ штити атмосферата на нашата планета. Кога сте надвор од атмосферата, изложени сте на нив. Но, тоа нема да го спречи Маск да ја продолжи својата мисија преку илјадиници сателити да доставува брз Интернет во светот.

Сателитите тешки стотици килограми „претставуваат ризик за нула судир со други сателити”, велат од компанијата. За среќа, тие целосно согоруваат во орбитата, „не се создава (вселенско) ѓубре и ниеден од сателитите не паѓа на земјата”.

Од „СпејсИкс“ успеаа успешно да лансираат повеќе од 1.800 „Старлинк“ сателити досега. Ова неуспешно лансирање беше трето годинава, но компанијата има дозвола да лансира уште десетици илјади од нив. Тоа може да буквално да го загади небото над Земјата и да им создаде проблеми со видливост на астрономите.

Следното лансирање на нови сателити е закажано за подоцна во февруари.

Поврзани содржини