📽 СНИМЕНИ ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА ПИЛОТОТ Авион удри во зграда на Хаваи
Ако можете да го израмните авионот, тоа би било добро. Ја имате слободна која била писта, секое место каде што можете да слетате, одговориле од контролната кула, но авионот брзо потоа удрил во административна зграда.
„Ах, изгубивме контрола“, биле последните зборови на еден од пилотите на авион кој се урна на Хаваите. Пораката е снимена на видео. Пилотот им одговарал на контролорите кои прашале дали авионот свртел на десно.
По одговорот на пилотот од контролната кула рекле:
– Ако можете да го израмните авионот, тоа би било добро. Ја имате слободна било која писта, секое место каде што можете да слетате.
🚨HONOLULU HAWAII SMALL PLANE CRASH KILLS 2 AFTER CRASH INTO BUILDINGS NEAR AIRPORT. pic.twitter.com/VnOC9h3hyY
— Chaos Alerts (@ChaosAlertsOnX) December 18, 2024
Потоа авионот „Цесна 208“ удри во зграда.
Две лица загинаа во ударот. Тие не се официјално идентификувани, но еден од нив, според извори блиски до семејството е дипломиран студент по име Хирам Дефрис, млад човек на дваесетина години, кој бил на обука.
Зградата во која удрил авионот била празна и служела како административен објект.