СНИМЕНА ЅВЕЗДА КОЈА ЕКСПЛОДИРАЛА ВО 17 ВЕК Касиопеја беше уловена со Х-зраци
Значи, ќе имаме мапа на целата светлина во Касиопеја А, која е во дијаметар од околу 10 светлосни години. Но, за научниците сè уште ќе остане прашањето: како ѕвездите воопшто произведуваат Х-зраци?
Направена е првата снимка од остатоците од торжествена експлозија на супернова која „пукнала“ негде во 17 век, а чија светлина патувала и дури сега пристигнува до Земјата, а инструментот на НАСА наречен „IXPE“ кој неодамна беше лансиран, преку рентгенски Х-зраци ги отчита нејзините сигнали. Ѕвездата се вика Касипоеја А, а првите податоци кои ги собра полариметрискиот апарат беа со сина и виолетова боја, пишува СајТекДејли.
Всушност, се работи за две фотографии. Онаа со сините нишки е направена претходно во опсерваторијата Чандра на НАСА, а виолетовите делови одговараат на интензитетот на светлината која била регистрирана од новиот апарат IXPE. Податоците биле прибирани цела недела, а новите се совпаднале со старите.
This IXPE image maps the intensity of X-rays from the supernova remnant Cassiopeia A. Colors from cool purple and blue to red and hot white correspond with increasing intensity. We look at things in different light to better understand processes at work! https://t.co/SDaMRHPZo8 pic.twitter.com/lttTX0YiKY
— NASA Exoplanets (@NASAExoplanets) February 16, 2022
Клучното мерење кое научниците сакаат да го прават со IXPE се нарекува поларизација, со други зборови, набљудување на тоа како светлината на Х-зраците е ориентирана додека тие патуваат низ вселената. Значи, ќе имаме мапа на целата светлина во Касиопеја А, која е во дијаметар од околу 10 светлосни години. Но, за научниците сè уште ќе остане прашањето: како ѕвездите воопшто произведуваат Х-зраци?
– Идните слики на поларизација од IXPE ќе треба да ги откријат механизмите во срцето на овој познат космички акцелератор – рече Роџер Романи, ко-истражувач од Универзитетот Стенфорд.
Инструментот IXPE беше лансиран со ракетата „Фалкон 9“ на Илон Маск, а во мисијата во која учествува и Италијанската вселенска агенција има научници од 12 земји. Леталото го управуваат од Колорадо во САД.