🎥 СНИМЕН КОБНИОТ МОМЕНТ ОД ТРАГИЧНАТА НЕСРЕЌА ВО ВЕНЕЦИЈА Автобусот полн со туристи паѓа од 10 метри височина

На видеото се гледа како бел автобус доаѓа на надвозната рампа, а потоа ненадејно паѓа од неа.

2,103

Безбедносните камери го снимиле моментот кога автобус полн со туристи паднал од надвозник на височина од 10 метри во близина на Венеција, по што се запалил.

На видеото се гледа како бел автобус доаѓа на надвозната рампа, а потоа ненадејно паѓа од неа.






Видеото стана вирално на социјалните мрежи.

 

Во несреќата загина 21 лице, од кои досега се идентификува ни само 7. Меѓу нив е и една Австријка, за која се верува дека е мајка на две девојчиња (3 и 13), кои преживеале и се во болница.

Меѓу загинатите е и возачот на автобусот, кој објавил селфи час и пол пред несреќата со најава дека автобусот тргнува за Венеција.

Четворицата најтешко повредени се лица на возраст од 20 до 30 години.

Пожарникарите работеа во текот на ноќта за да ги извлечат повредените и да ги извлечат телата на жртвите од урнатините.

Откако паднал од висина од 10 метри, автобусот се запалил, а Паоло Роси, координаторот на службата за итни случаи во Венеција, за агенцијата АНСА потврдил дека меѓу жртвите има бебе, 12-годишно дете и тинејџерка.

Поврзани содржини