Снимателите реагираат: ССК не ни обезбеди услови за работа, не ставија во мал простор и во ризик

252

Секцијата на сниматели при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на начинот на кој беше организиран денешниот настан за медиуми од страна на Сојузот на стопански комори во еден ресторан во Скопје.

Тие велат дека повеќе сниматели, но и фоторепортери и новинари немале услови професионално да ја вршат својата работа поради несоодветниот простор кој бил отстапен од страна на организаторот. Истовремено, Сојузот според присутните сниматели, не ги испочитувал протоколите за физичка дистанца и повеќе сниматели биле сместени на мал простор со што нивното здравје и безбедност биле ставени во ризик.






Членовите на Секцијата на сниматели при ЗНМ бараат од организаторите на настаните за медиумите во иднина да се обезбедат соодветни услови за нивна работа и строго да ги почитуваат здравствените протоколи предвидени за јавни настани. Доколку ова не се испочитува, снимателите нема да ги проследат овие настани, а ЗНМ ќе поднесе соодветни правни постапки против организаторите.

Поврзани содржини