Снимање филм утре го затвора за сообраќај стариот пат Охрид – Струга

Сообраќајот по овој пат утре нема да се одвива во периодот од 6 до 15 часот.

1,307

Стариот патен правец од Охрид кон Струга  утре ќе биде затворен за сообраќај од 6 до 15 часот поради  снимање на сцени за играниот филм „Преекспонирано“ во продукција на „ДНФ Филмс“.

Филмот кој е психолошка драма, претставува и долгометражно деби на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова. Поддржан e од страна на Агенцијата за филм.






Поврзани содржини