СНЕЖНИ ВРНЕЖИ НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ Возачите се предупредуваат да возат внимателно

Снег врне на Попова Шапка, Маврово, Плетвар, Пресека и Железнец, на патните правци Маврово-Маврови Анови и Струмица-Берово останува забраната за сообраќај за тешки товарни возила.

229

Снег со слаб интензитет има на Попова Шапка, Маврово, Плетвар, Пресека и Железнец, соопшти вечерва јавното претпријатие „Македонија пат“.

Оттаму информираат дека остануваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Маврови Анови и на патот Струмица-Берово.






Oд 17:05 часот на патен правец Гостивар-Кичево, после „Стража“, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози.

Од ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината конусловите на патот.

Поврзани содржини