🎥 СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД ЕДЕН МЕТАР Источниот дел на Канада парализиран од поларно невреме

Поради невремето отежнат е сообраќајот, продавниците, училиштата и институциите се затворени, а има и прекини во снабдувањето со електрична енергија, најтешко погодена е провинција Нова Шкотска.

172

Силна снежна бура го зафати источниот дел на Канада. На некои места снежната покривка достигна и до еден метар што го парализира животот во овој дел од земјата.

Поради невремето отежнат е сообраќајот, продавниците, училиштата и институциите се затворени, а има и прекини во снабдувањето со електрична енергија.






Во регионот Кап Бретон е прогласена вонредна состојба поради снегот.

Властите во најтешко погодената провинција Нова Шкотска ја повикаа армијата од соседните провинции Островот Принц Едвард и Њу Бранзвик да помогне во справувањето со снежните наноси.

Поврзани содржини