📷 СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД 35 САНТИМЕТРИ ВО СЛОВЕНИЈА Приморскиот дел е под налети на ветер со 120 километри на час
Агенцијата за заштита на животната средина на Словенија издаде предупредување дека врнежите ќе продолжат и денеска, како и во текот на ноќта меѓу петок и сабота, објави „Словенске новице“.
Словенија е погодена од силно невреме кое во крајбрежјето е со силен ветер и со обилни врнежи од дожд, додека снег паѓа во планинскиот дел на земјата на височини над 1.200 метри.
Надојдените реки поплавија дел од површините, на патиштата има одрони поради што делови се затворени, а ветрот во приморскиот дел се зголеми на 120 километри на час.
Агенцијата за заштита на животната средина на Словенија издаде предупредување дека врнежите ќе продолжат и денеска, како и во текот на ноќта меѓу петок и сабота, објави „Словенске новице“.
Метеорологот Блаж Штер на социјалната мрежа Икс објави дека невремето предизвикува големи проблеми во крајбрежјето, додека планините се покриени со обилни снежни врнежи.
„На Кредарица паднаа 35 сантиметри снег. На многу места на Централните Алпи паѓа снег. На Вршич паднаа 10 сантиметри“, напиша тој.
⚠️🌨 Ponekod na višjeležečih cestah je pričelo snežiti in se sneg tudi oprijemlje cestišč. Na cesti čez Vršič je obvezna zimska oprema, priporočljive so verige. Opozarjamo še, da je na vseh cestah, kjer se sneg oprijemlje cestišč tudi pred 15. 11. obvezna zimska oprema. Previdno! pic.twitter.com/0F0YgjP592
— Promet.si (@promet_si) October 3, 2024
За снежни услови на патиштата предупредуваат и од Информативниот центар за сообраќај. Температурата за денеска се прогнозира од два до 13 Целзиусови степени.
Во ноќта меѓу петок и сабота се очекува засилен ветер во крајбрежјето со брзина над 120 километри на час, особено во долината Випава.