СНЕЖНА БУРА ТРИ НОЌИ ЗАРОБИЛА 60 ЛУЃЕ ВО КАФУЛЕ Пијат и јадат, не сакаат да заминат!

Хотелот е завеан со три метри снег, а персоналот и гостите трета ноќ по ред поминале во пабот со трибјут бендот Oasis „Noasis“ отсечени од остатокот од светот.

1,993

Повеќе од 60 луѓе останале заробени во британскиот паб во Тан Хил Ин во планинската област Јоркшир Дејлс во петокот навечер.

Имено, хотелот е завеан со три метри снег, а персоналот и гостите трета ноќ по ред поминале во пабот со трибјут бендот Oasis „Noasis“ отсечени од остатокот од светот поради бурата Арвен.






Многумина спиеле на импровизирани кревети на подот, но и покрај тоа, некои признале дека не сакаат да си заминат. Храна и пијалаци имале наголемо, а гостите биле очестени со филмови на платното за проекција, со квиз вечера и со шведска маса.

И додека десетици илјади домови во Британија останаа без струја, друштвото од пабот добро се забавувало.

– Многу ни е убаво и сите се добро расположени… навистина е добра атмосферата. Склопивме пријателства… како големо семејство сме, тоа е најдобриот начин да се опише. Една госпоѓа всушност рече дека не сака да замине – изјавил Никола Таунсенд (51), кој се надева дека откако ќе бидат ослободени, сите ќе останат во контакт.

Вчера, пабот организирал традиционален ручек пред гостите и вработените заедно да го украсат барот за Божиќ и да се подготват за караоке вечер.

Во меѓувреме, ископан е тунел на влезната врата на пабот, но околните патишта сѐ уште не се целосно проодни поради срушените кабли за струја.

Бурата Арвен досега однесе три животи, а ветровите кои дуваат со брзина од 160 километри на час предизвикаа хаос, оштетувајќи згради и прекинаа патишта и железници, оставајќи најмалку 450.000 домови без електрична енергија.

 

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини