🎥 СНЕЖНА БУРА БЕСНЕЕ ВО ИРАН Спасувачите им помогнаа на 3.000 луѓе, обезбедени се и засолништа

Вкупно 85 тимови им пружиле помош на 3.407 лица во тешки временски услови.

361

Снежно невреме погоди најмалку 15 провинции во Иран, а иранската Црвена полумесечина (ИРЦС) им пружи помош на повеќе од 3.000 луѓе низ земјата во последните 24 часа, изјави Бабак Махмуди, претставник на оваа организација.






Махмуди, шеф на одделот за помош и спасување во ИРЦС, потврди денеска дека вкупно 85 тимови им пружиле помош на 3.407 лица во тешки временски услови, јави државната новинска агенција ИРНА.

– Вкупно 85 екипи за помош, составени од 326 спасувачи, им помогнаа на луѓето во тешки временски услови за време на невремето. Екипите за помош итно обезбедија 254 засолништа – рече Махмуди.

Поврзани содржини