🎥 СНЕЖНА БУРА ЈА ЗАЛЕДИ СЕВЕРНА АМЕРИКА Три лица го загубија животот, илјадници летови се откажани

Над 1.350 летови беа откажани и регистрирани се повеќе од 8.700 одложувања на летови низ целата земја поради тешките временски услови кои продолжуваат да го попречуваат патувањето особено во источниот дел на САД.

170

Силно невреме со снежна бура и обилни дождови го погоди поголемиот дел од САД, при што најмалку три лица во Алабама, Северна Каролина и Џорџија загинаа од торнада на југот на земјата.

Обилните дождови и ветрови денеска погодија поголем дел од источниот брег на САД и ќе продолжат и утре, соопшти Националната метеоролошка служба (NWS).






Врнежи се очекуваат на североисток, а во тој дел на САД изминатиот викенд некои области беа затрупани со снег, што го зголемува ризикот од поплави.

Снегот ќе продолжи и денеска во регионот на средниот запад, северозападниот дел на Пацификот и Големите езера, кои беа погодени од снежни виулици во понеделникот и вторникот, додека очекуваната количина на снег може да остави делови од овие региони без струја.

Имаше повеќе од 1.350 откажани летови и повеќе од 8.700 одложувања на летови низ целата земја во вторникот поради тешките временски услови кои продолжуваат да го попречуваат патувањето во источниот дел на САД.

Поврзани содржини