СНЕГОТ СРУШИ ДАЛНОВОДИ ВО ЗЛАТИБОР Две села се без струја веќе 30 часа

Поради количината снег и паднатите дрвја жителите на двете села и денеска ќе останат без струја.

216

Жителите на селата Стубло и Јабланица се без струја околу 30 часа поради пад на два далноводи. Снегот кој наврна во подножјето на Торник им натежна на десетици борови стебла кои се откорнале и паднале врз струјните кабли, пренесува српска Нова.

Во подножјето на Торник има 60 сантиметри снег и густа магла. Екипите задолжени за санирање на дефектот денеска излегле на терен.






Поради количината снег и паднатите дрвја жителите на двете села и денеска ќе останат без струја.

 

Поврзани содржини