СНЕГОТ ГО ОТКАЖА НАТПРЕВАРОТ АТАЛАНТА-ВИЛЈАРЕАЛ Редарите го чистеа теренот, но се откажаа (ФОТО)
Од УЕФА најавија дека дополнително ќе биде одреден датумот кога ќе се одигра оваа средба која треба да го даде патникот во осминафиналето во Лигата на шампиони.
Натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Вилјареал, кој требаше вечерва во 21 часот да се одигра на стадионот во Бергамо, Италија, одложен е поради снегот што го натрупа теренот.
Иако се најавуваше дека со задоцнување од 20 минути ќе започне мечот, сепак, временските услови не дозволија да се игра фудбал вечерва.
Од УЕФА најавија дека дополнително ќе биде одреден датумот кога ќе се одигра оваа средба која треба да го даде патникот во осминафиналето во Лигата на шампиони.