СНЕГОТ ГО ОТЕЖНА СООБРАЌАЈОТ НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ Забрана за тешки возила на Меџитлија и на Ќафасан

Постои опасност од одрони на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница- Берово и Кочани-Делчево.

246

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за сообраќајот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.






Поради временските услови патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Од 05.15 часот утрово, поради врнежи од снег, забранет е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан.

Поради протест на грчките земјоделци, од денеска со почеток во 10:00 часот на Граничниот премир Ники-Меџитлија, има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува дека во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Поврзани содржини