СНЕГОТ ЌЕ СЕ СПУШТИ ПОНИСКО Ќе дува и умерен ветер
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд.
Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 0 до 5 степени, а дневната ќе достигне до 8 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд.