СНЕГОТ ЌЕ НÈ ПОЧЕСТИ ТОКМУ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ? Студен бран носи температури и под -20 степени во регионот
Mетеопрогнозерот Славчо Попоски претходно напиша и дека според новите податоци, освен многу снег, новогодишната ноќ ќе ни донесе и екстремно ниски температури до и под -20 степени во регионот и во Македонија.
Новогодишната ноќ во Македонија може да ја дочека со снег, вели познатиот метеопрогнозер Славчо Попоски.
„Станува збор за новогодишната ноќ точно на полноќ 1 јануари 2026 година. Целиот Балкан, додека особено Македонија и Бугарија под голема снежна покривка и преубава новогодишна снежна идила“, пишува прогнозерот на Инстаграм споделувајќи слика.
Попоски претходно напиша и дека според новите податоци, освен многу снег, новогодишната ноќ ќе ни донесе и екстремно ниски температури до и под -20 степени во регионот и во Македонија.
„Сè почнува од 25 декември на Католички Божик“.