СНЕГОТ ДОАЃА В ЧЕТВРТОК Големиот снежен бран на Балканот веќе прави проблеми
Повеќе врнежи ќе има во западните предели каде на повисоките населени и планински места ќе се формира позначителна снежна покривка (Над 20/30 сантиметри) а во градовите во западна Македонија ќе се формира снежна поркивка од 5 до 10 сантиметри, локално и над 15 сантиметри.
Почнувајќи од четврток па во деновите потоа територијата на Македонија влегува во нов многу поладен и понатаму влажен период и тоа поради продор на многу поладен воздух од север. Во ваква ситуација честите врнежи од дожд кои ги очекуваме деновиве од четврток (8 Јануари) ќе бидат постепени заменети со врнежи од снег најпрвин на повисоките населени и планиски места а потоа и во градовите.
Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.
Снежниот бран кој го зафати Балканот предизвика ризик во сообраќајот. Замрзнати коловози можат да се видат насекаде во Србија и Босна и Херцеговина.