СНЕГ ПАЃА НА СТРАЖА Побеле и Попова Шапка

784

По вчерашниот сончев ден, денешниот априлски ден донесе снег.

Од утрово паѓа снег на планинскиот превој Стража, а повторно побеле и Попова Шапка.






„Започна продорот на многу ладен воздух директно од Сибир во нашата Република Македонија. Токму ова веќе условува формирање на секундарен снежен циклон и нагло и значително опаѓање на температурите, дури и за 10 до 15 степени пониски температури ќе имаме до вечерва во однос на оние кои ги имавме до вчера (сабота 5 април)“, пишува Славчо Поповски.

Во следните часови од север врнежите ќе се прошират насекаде во Македонија и повремено ќе бидат обилни и од снег најпрвин на повисоките населени места, планините и секако на скијачките центри. Во текот на доцните попладневни часови од денеска  и вечерва врнежи од снег ќе има и во повеќето градови.

Од утрово под снег е и Белград, а снежни врнежи има низ повеќе градови во Србија.

Поврзани содржини